ММФ: Македонската економија со најголем раст во регионот

Bez autora
Apr 10 2014

Меѓународниот монетарен фонд предвидува зајакнување на македонската економија годинава и според најновиот извештај ја зголеми проекцијата за раст од 3% на 3,2%. Од земјите во регионот, најголем раст од 3,9% ќе има Косово, а по Македонија се Црна Гора со 2,8%, Албанија 2,1%, Босна и Херцеговина 2% и Србија со 1%. За следната година ММФ очекува раст на македонската економија од 3,4%, а до 2019-та до 4%. И Владата на Македонија во буџетот наведе дека за годинава очекува економски раст од 3,2%. ММФ во извештајот дава и проекција за растот на земјава за 2019 година, и според сегашните нивни анализи, тој после пет години би требало да достигне 4 проценти.

ММФ: Македонската економија со најголем раст во регионотМеѓународниот монетарен фонд предвидува зајакнување на македонската економија годинава и според најновиот извештај ја зголеми проекцијата за раст од 3% на 3,2%.

Од земјите во регионот, најголем раст од 3,9% ќе има Косово, а по Македонија се Црна Гора со 2,8%, Албанија 2,1%, Босна и Херцеговина 2% и Србија со 1%. За следната година ММФ очекува раст на македонската економија од 3,4%, а до 2019-та до 4%.

И Владата на Македонија во буџетот наведе дека за годинава очекува економски раст од 3,2%.

ММФ во извештајот дава и проекција за растот на земјава за 2019 година, и според сегашните нивни анализи, тој после пет години би требало да достигне 4 проценти.

Косово и во 2019 година би било со подобра стапка од нашата и таа би изнесувала 4,5 проценти, исто колку и идната година, додека, пак, сега далеку послабата Србија, ќе не стигне после пет години и во 2019 година ќе има стапка на раст од 4 отсто.

Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка очекуваат светската економија годинава да забележи раст од 3,6 отсто. Како главни ризици кои негативно ќе влијаат на глобалното економско закрепнување се наведуваат зголемените геополитички тензии, ниската инфлација, како и забавувањето на брзорастечките економии и на пазарите во развој. Растот на европската економија се очекува да биде 1,7 проценти

ММФ прави проекции и за стапката на невработеност во земјава. Според нивните проекции, годинава Македонија ќе ја заврши со стапка на невработеност од близу 29 отсто, а во 2015 таа треба да се намали на 28 проценти. Во 2018 година, пак, стапката на невработени треба да изнесува 25,9 отсто.

Главниот економист на ММФ, Оливер Бланшард, порача дека иако акутните ризици за економијата се намалени, тие не исчезнаа. Напротив, ситуацијата со Украина и Русија може да ги искомплицира работите, со оглед што климата за инвеститорите во Русија станува неповолна. Најновата прогноза на ММФ за Русија е дека годинава оваа економија ќе има стапка на раст од 1,3 отсто, што е за дури 0,6 процентни поени помалку во споредба со претходната јануарска прогноза.

Носители на глобалниот раст во наредниот период ќе бидат развиените економии, и тие всушност го креираат оптимизмот за светскиот економски развој, а САД се очекува дека ќе го дадат главниот импулс. Но затоа, пак, земјите од категоријата нови пазарни економии, ќе доживеат економско забавување, што е наведено и како еден од клучните ризици за глобалните перспективи.

Откако мината година Европа ја заврши со речиси симболична стапка на раст од само 0,5 отсто, за годинава се очекува таа да биде повеќе од трикратно надмината и да достигне 1,7 отсто, како и да продолжи да расте и во следната година, достигнувајќи 1,9 отсто. Еврозоната ја напушта негативната стапка на раст, која лани забележа минус од 0,5 отсто, и за годинава се очекува да испорача позитива, односно зголемување на економската активност со стапка од 1,2 отсто.

Повисоки стапки на раст за годинава од оние што претходно биле очекувани ММФ им предвидува на Германија, Велика Британија, Франција, како и за Шпанија.

Како една од ѕвездите во поглед на економското закрепнување се споменува Велика Британија, чија стапка на раст годинава треба да изнесува 2,9 проценти.

Еве како ќе се движи растот на економијата според ММФ:
2014 - 3,2%
2015 - 3,4%
2019 - 4,0%

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik